Aктуелниот режим на Руската федерација e „терористички“ – изгласа Парламентарното собрание на Советот на Европа

Стразбур, 13 октомври 2022 (МИА) – Со огромно мнозинство, Парламентарното собрание на Советот на Европа изгласа амндман во резолуцијата по расправата за новатa ескалација на агресијата на Руската Федерација против Украина, во кој актуелниот режим на Руската федерација се оквалификува како „терористички“, јави дописникот на МИА.

Парламентарното собрание силно ја осудува неодамнешната ескалација, ја потврдува својата силна поддршка за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и ги повикува земјите-членки да обезбедат сеопфатен систем на одговорност за сериозни прекршувања на меѓународното право што произлегуваат од агресијата на Руската Федерација против Украина.

Со усвоената резолуција ПССЕ е првата меѓународна инстанца, која го оквалификува рускиот режим како „терористички“.

Прочитајте и:  Саботажа? „Длабока загриженост“ во Германија и Финска, оштетен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји

Расправата следуваше по обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред ПССЕ во кое повика на создавање на Меѓународен суд за судење на одговорни за воени злосторства и војната во Украина, барајќи модерен антиракетен систем и прогласување на Русија за терористичка држава.

На извесен начин тој беше сослушан од ПССЕ кое скоро едногласно со само еден воздржан глас, го нарече актуелниот режим на Руската федерација како „терористички“.

За ПССЕ големата агресија на Руската Федерација против Украина продолжува да предизвикува огромно страдање, уништување и раселување на населението на ниво што не е забележано во Европа од Втората светска војна.

- Реклама -