Москва: Русија ги контролира нуклеарните централи во Чернобил и Запорожје

Москва, 15 март 2022 (МИА) – Руската војска ја контролира ситуацијата во нуклеарната централа заедно со украинското обезбедување и нејзините вработени, изјави претставникот на Министерството за надворешни работи на Русија, Алексеј Полишчук.

Како што рече, двете електрани работат во нормален режим и радијацијата е нормална, што го потврдуваат и од Меѓународната агенција за атомска енергија.

„Главната задача сега е да се спречат какви било провокации насочени кон работата на овие нуклеарни централи од страна на украинските националистички сили“, рече тој.

- Реклама -