Влада: Полицискиот час останува во сила до 1 јуни

Владата на РСМ ја послуша препораката на Комисијата за заразни болести и ја продолжи мерката која забранува движење на граѓаните во периодот од полноќ до 4 часот – до 1 јуни.

Како што објави вчера „Фактор“, повикувајќи се на извор од КЗБ, целта на продолжувањето на мерката е да се избегне евентуален непредвидлив тек на ширењето на вирусот.

„Сепак станува збор за респираторен вирус, кој веќе добро знаеме, може да избувне во секое време. Оставаме простор да ја држиме ситуацијата под контрола, барем додека се извакцинираат уште 100.000 граѓани. Со ова темпо на вакцинација, тоа ќе се случи за 14-дена. Значи, за да имаме непречен процес на вакцинација, не смее да ни се случи огромен број новозаразени на дневна основа“, изјави вчера членот на КЗБ за „Фактор“.

- Реклама -