Спасовски за аферата „Мафија“: Еден од уапсенитe бил во секојдневен контакт со Мицкоски

Еден од уапсените службеници на МВР во рамки на аферата со издавањето пасоши на меѓународни криминалци, бил во секојдневен контакт со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, тврди/открива министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во денешното гостување во „Утрински брифинг“. Според него, токму преку ова лице опозицијата ги доби(ва)ла и документите за оваа истрага.

Ваквите информации Спасовски ги соопшти одговарајќи на забелешката на новинарот дека тврдењата дека ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски се обиделе да ја саботираат истрагата/акцијата, се сериозни обвинувања. Но, Спасовски е дециден дека брифингот на ВМРО-ДПМНЕ на кој се изнесени детали и сознанија од една ваква меѓународна истрага и оди директно против борбата против криминалот, не може да се гледа и да биде сведен само на обид за печалење политички поени.

Во тој контекст, Спасовски откри дека акцијата била планирана да се случи за неколку дена, кога ќе биле завршени сите подготовки. Сепак, причината што акцијата се случила вчера, вели тој, не е толку самата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, туку за да не се даде простор за впечаток дека партијата која, според Спасовски, цело време го заштитува криминалот, одеднаш иницирала и помогнала справување со криминалот.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме

Во однос на образложението на ВМРО-ДПМНЕ дека без нивната прес-конференција, институциите, пред сѐ МВР, немало да реагира, Спасовски посочи дека не секогаш во истрагите целта е да реагирате при првите сознанија. Напротив, често се работи да се следат каналите и да се стигне и до други вмешани лица, што повеќе такви, во државата и надвор од неа.

Во однос на обвинувањето од опозицијата дека фалсификувани пасоши за сериозни криминалци не би можеле да се случуваат без знаење на првиот човек на полицијата и премиерот на државата, односно дека министерот за внатрешни работи и премиерот Заев се на врвот на криминалната група, Спасовски смета дека тоа е смешно.

„Ха, па дали некој од било каква криминална група би работел на апсење на таа група? Вистинското прашање во оваа ситуација е кој сакаше да направи саботажа“, одговори тој.

Целиот разговор во „Утрински брифинг“, погледнете го во видеото ТУКА.

- Реклама -