Home 365 Денес „Политико“: ЕУ и Бугарија постигнале „компромис“ за Македонија – тие да признаат македонски јазик, ние „да ги признаеме бугарските темели“

„Политико“: ЕУ и Бугарија постигнале „компромис“ за Македонија – тие да признаат македонски јазик, ние „да ги признаеме бугарските темели“

0
„Политико“: ЕУ и Бугарија постигнале „компромис“ за Македонија – тие да признаат македонски јазик, ние „да ги признаеме бугарските темели“

Според висок дипломат на ЕУ, на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел бил постигнат компромис, кој го прифатила и Бугарија, за започнување на првата меѓувладина конференција на Македонија и ЕУ, пишува утрово европското издание на „Политико“, пренесува „Независен“.

„Компромисот“, меѓутоа, според она што дипломатот го изјавил за порталот, се состои во тоа Бугарија да го признае македонскиот јазик како еден од официјалните јазици, како и да го признае македонскиот идентитет. За возврат, Македонија треба да ја признае „историската вистина“ онака како што Бугарија ја дефинира, односно да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден било каков македонски идентитет и официјален јазик…

Според ова, „компромисот“ постигнат меѓу ЕУ амбасадорите не е ништо поразличен од „компромисот“ кој официјална Софија тврди дека веќе го направила со тоа што признава дека денес постои држава Македонија и во неа Македонци кои зборуваат на македонски јазик, но она што вистински го бара е тие да прифатат дека практично се одродени Бугари и нивниот идентитет и јазик се настанати преку политички инженеринг, односно се вештачки.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here