За Заев, вето од Бугарија нема да значи и причина да си даде оставка (ФОТО ВРЕМЕПЛОВ)

Премиерот Зоран Заев апсолутно не се согласува со тезата дека, во случај на вето од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ, треба да понесе одговорност и да си даде оставка поради тоа што главно предизборно ветување му било почеток на преговорите за членство.

Главните аспекти кон кои била насочена кампањата пред изборите била борбата против Ковид-19, развојот на економијата, прочистувањето на правосудството и владеење на правото во државата – посочи тој, притоа игнорирајќи го фактот дека самата кампања за референдумот за тогаш „горчливото апче“ – промена на името на државата, се водеше под плаштот на членство во ЕУ, кое беше претставено, меѓу другото, и како гаранција за македонскиот јазик:

Сепак, Заев истакна дека не планира во иднина да избегне одговорност за било кое прашање, но дека до последен момент не се откажува од успех и е оптимист дека ќе се најде решение во преговорите со Бугарија.

Според него, власта предводена од СДСМ и досега покажала сериозни успеси во договорите, преговорите и напредокот на земјата. Тој потсети дека земјата денеска е членка на НАТО и по 15 години чекање има одлука за преговори со ЕУ.

„Како и да се спореди ова со претходните владеачки политички структури, сепак сме светлосни години понапред од она што претставува алтернатива во нашата земја“, констатира Заев.

Во меѓувреме, уште „малку“ времеплов:

- Реклама -