Нина Ангеловска нема повеќе да биде министер за финансии – Финансии, МНР и Администрација ги добива ДУИ

Наспроти неофицијалните информации од вчера, посебно на агенцијата „ИНА“ која се повикува на извори многу блиски до Зоран Заев – дека наместо премиер Албанец ДУИ го добива МВР, и порталот „Фактор“ како и порталот „НОВА“ дознава дека МВР сепак останува под раководство на кадар од СДСМ.

Затоа, пак, според изворите на „Фактор“, кадар од ДУИ ќе раководи со Министерството за финансии, Министерството за надворешни работи и Министерството за администрација.

Според непотврдените информации на порталот, на местото на Нина Ангеловска на позицијата министер за финансии ќе биде поставен Фатмир Бесими, кој во два наврати беше министер за економија, но беше и министер за одбрана и вицепремиер за евроинтеграции, а се споменуваше и како кандидат за Гувернер на Народна банка.

 

- Реклама -