Роботското востание е на чекор поблиску (видео)

До сега човештвото имаше едноставна тактика за справување со роботското востание – раздели и уништи.

Но сега се чини дека таа техника ја загуби својата ефикасност бидејќи овие само-составувачки роботи – кои се сами по себе застрашувачки – се здружуваат со летечки дронови за совладување проблематични пречки.

Оваа демонстрација на тим истражувачи на овогодинешната Intelligent Robots and Systems конференција, покажува дека мала армија роботи може да комуницира со летечки дрон со едноставно користење на LED светилки. Не само што овој систем му овозможува на дронот да комуницира со специфични роботи туку и да пренесува упатства. И сето ова без потреба од безжична комуникација која може да биде блокирана.

- Реклама -