Добитник на 40 милиони евра 10 месеци психички се спремал за парите, уште им нема кажано на децата

По десет месеци психичка подготовка за тоа дека ќе богат, дури во средата добитникот на 60-те милиони канадски долари се пријавил за да ја подигне наградата.

„Почнав да размислувам што ќе значат тие пари за моето семејство. Сфатив дека тоа многу ќе промени и сакав да бидам сигурен дека сме подготвени за тоа“, изјави 55-годишниот Bon Truong (може да е и псевдоним) во средата на прес-конференцијата во Едмонтон (административниот центар на Алберта, Канада).

Десет месеци откако ги погодил броевите, истите кои ги играл веќе со децении, Труонг ја контактирал Western Canada Lottery и им порачал: „Подготвени сме!“, соопшти организаторот на лотаријата.

Труонг има виетнамско потекло. Тој во САД пребегал по војната во Виетнам, иако немал ништо и никого. Сега со парите планира да ја отплати прво хипотеката и сите заостанати сметки, по што планира да замине на одмор, а потоа да се врати на својот досегашна „професија“ – својот градинарски бизнис.

Во меѓувреме, тој сè уште им нема кажано за добивката на своите деца. Вели дека сака тие со свој труд да успеат во животот. „Можеби ќе им кажам, за едно десет-дваесет години“, вели низ насмевка.

- Реклама -