Ел Чека му одговори на Заев: Да ви ги еб*м законите на таа ваша држава

На Шекерим Ахмеди, алијас Ел Чека, не му требаше предолго за да одговори на провокацијата на премиерот Зоран Заев, кој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција му порача уште сега да објавува „бомби“ за него, ако ги има, затоа што наскоро нема да може, бидејќи ќе одговара пред законот, кој забранува објавување на неовластено прибавени прислушувани разговори.

Набрзо потоа, Ел Чека на Фејсбук на еден од своите профили напиша:

„Зоран Заев, ако прислушувањето го правела претходната влада, тогаш зошто тие криминалци на ВМРО ги прислушкувале сопствените разговори во кои прикриваат yбиcтва, прават манипулации, закани, менување на фактите? Зошто тебе не те прислушкувале? Прислушувањето го направи некој друг, а не криминалците на Груевски и Михајлов! Затоа, не се прикажувај како жpтвa. Чувај го зaдникот уште малку во таа фотелја, бидејќи ќе ти недостасува…“

Во друг пост, додаде:

„Зоран Заев, знам дека те боли тоа што ти пропадна организираниот криминал што го имаше во СЈО. Ти пропадна планот за рекетирање и уценувања. Јас сум ги прекршил законите? Тогаш, да ви ги е*** законите на таа ваша држава која ослободува криминалци секој ден, а држи Албанци по затвори“.

- Реклама -