Запален службен автомобил на КПУ Затвор Идризово, нема повредени

Во Полициската станица Кисела Вода во Скопје утрово, во 3.35 часот, било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј..

Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитајте и:  Кривична пријава против 18 службени лица за злоупотреба на службена положба (ВИДЕО)
- Реклама -