Аналитичар: Америка е во вojна со Русија и Кина за која Американците не се ни свесни. И е во многу paнлива позиција

Џим Шито (Jim Sciutto) е кореспондент на CNN на полето на американската национална безбедност, што значи дека знае пар нешта околу воената стратегија и војувањето. И е убеден дека во моментов САД се вклучени, и губат, во војна за која Американците не се ни свесни.

Ја вика „Војната во сенка“, за која пишува и во неговата последна книга. Изразот алудира на притаената природа на оваа битка, за која Шито вели дека Русија и Кина против САД ја водат онлајн – односно на дното на океаните (каде што се серверите), но и во вселената.

„Ѕвездените војни“ веќе се реалност, вели тој во интервју за Salon. Во интервјуто Шито елаборира како изгледа оваа војна и што може да се случи ако американските непријатели решат да ги употребат нивните вселенски оружја.

„Русија има камиказе сателити кои можат да ги уништат американските сателити во орбитата. Кина има сателити-киднaпepи кои можат да ги зграпчат од орбитата. Зошто? Бидејќи нашиот воен и цивилен живот е далеку понапреден во вселената од било кој друг, но исто така и позависен од неа“, вели аналитичарот.

„Паметните бомби не се паметни без сателити“, образложува. „Дроновите не можат да летаат. Немаме систем за рано нуклеарно предупредување ако немаме сателити… Има цела палета начини да се поткопаат и дури и пapaлизираат САД ако останеме без тие наши вселенски средства“.

САД се во ранлива позиција во моментов, но имаат опции, смета Шито. За почеток, вели, можат да одберат да ги лансираат истите типови на вселенски оpyжја.

„Имаме такви способности, но ги немаме имплементирано до степенот во којшто ги имаат Кина и Русија. Тоа е одлуката што мора да се направи: Дали е тоа најдобрата одбрана? Или ќе доведе до нова вселенска трка во воopyжување? Тоа е дел од пресметката која мора да се направи што поскоро“, заклучува тој.

- Реклама -