Грчките борбени авиони го сефтосаа македонското небо

Денеска утрово, од 7:30 до 9:30 часот, македонското небо, за првпат со дозвола од македонските власти, го прелетаа воздухопловите на вооружените сили на Република Грција.

Извршени се два прелета во рамки на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор), со цел проверка на  комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.

Како што предвидува НАТО-договорот, доколку одредена членка во рамките на Алијансата ги нема ресурсите потребни за чување на својот воздушен простор, нејзиното небо го чува друга земја членка. При посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас во земјава, договорено беше тоа да биде Грција (што посебно го израдува Ципрас и затоа што веќе нема да мора да кружи).

Прочитајте и:  Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
- Реклама -