Ципрас: Порано летав околу ПЈР Македонија, сега ќе имам време да застанам да се поздравам

На денешниот состанок на Високиот совет за соработка, предводен од премиерот Зоран Заев од македонска и премиерот Алексис Ципрас од грчка страна, помеѓу останатите меморандуми за соработка, договорено е и безбедноста на македонскиот воздушен простор да ја гарантира Грција.

Како што објасни Ципрас одговарајќи на новинарско прашање, услугата ќе биде „бесплатна“. Односно, како што рече Ципрас, најголемата придобивка, покрај останатите, од таквата соработка за Грција, е тоа што неговата земја ќе има стабилен северен сосед, како политички, така и безбедносно.

Ваквата соработка ќе прекине и некои мошне глупави традиции, истакна Ципрас:

„Јас патував со владиниот авион и секогаш забележувам дека пилотот отскршнува од патот за да го избегне воздушниот простор на Поранешната Југословенска Република Македонија. Тоа се случуваше порано. Таа глупост ќе престане денес. Дури можеме и да застанаме, да кажеме здраво, а сепак потоа да стигнеме побрзо до нашата дестинација“.

Верувам дека таквата соработка е еден опиплив пример дека со години ние заостанувавме“.

 

- Реклама -