Мицкоски: Гога е поголемо ВМРО и Македонија од сите вас заедно!

Вчера, пред митингот на Гордана Силјановска-Давкова во Кавадарци, на централниот партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ осамна транспарент со натпис: „Гога не е ВМРО“.

Ваквиот транспарент е израз на незадоволството на дел од членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ од тоа што токму Силјановска е избрана за кандидат на претседател на партијата. Тие ѝ замеруваат бидејќи била министер во владата на Бранко Црвенковски, член на управен одбор на невладината СОРОС, но и поради тоа што Силјановска беше во првите редови на професорскиот пленум кој се спротивстави на предлог законот за високо образование на тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ. Дел од поддржувачите не се согласуваат и со нејзините либерални ставови во однос на семејството и поддршката за истополовите бракови, пренесува порталот „Дознај“.

Меѓутоа, на митингот во Кавадарци, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, остро реагираше на обвинувањата дека Силјановска нема ништо заедничко со идеологијата на партијата:

Прочитајте и:  Мицкоски за претресот во Академијата за судии и јавни обвинители: Има индиции за создавање центар на моќ во обвинителството и судството

„Во текот на вчерашниот ден, неколкумина наши браќа поставија еден два транспаренти. Беа наменети за Гога. Еве јас ќе се обидам да им одговорам на тие наши браќа…

Кога професорката Гордана беше ВМРО, и кога професорката Гордана Силјановска-Давкова застана на првата линија на фронтот, во одбрана најпрвин на онаа неправедна територијална распределба во 2004-тата, а потоа и сега, кога крвареше Македонија, вие, браќа, бевте на Бихаќка да добиете инструкции што треба да му направите лошо на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија додека таа крвареше заедно со нас.

Така што, ниту можете да пишувате, ниту смеете да пишувате дека Гога не била ВМРО. Гога е поголемо ВМРО и Македонија од сите вас заедно!“, порача Мицкоски.

ФОТО: doznaj.com.mk

- Реклама -