Шестмина приведени за несреќата кај Ласкарци

Како што објави „Алсат“, полицијата привела шест лица во случајот со автобуската несреќа од 13-ти февруари, во која откако се преврте автобус на „Дурмо Турс“ кај Ласкарци, животот го загубија 15 лица, а многумина завршија со повреди.

Според неофицијални извори на „Алсат“, меѓу приведените се и возачот на автобусот и сопственикот на „Дурмо Турс“, за кој медиумите пишуваа дека е и сопственик на станицата за технички преглед што ја проверувала техничката исправност на автобусите на „Дурмо Турс“, меѓу кои и автобусот што се преврте кај Ласкарци.

Повеќе детали, Јавното обвинителство ќе соопшти денеска на прес-конференција во 10:30 часот.

- Реклама -