Сопственикот на „Дурмо Турс“ е сопственик и на станицата за технички преглед…

Дурмо Турс сам на себе си вршел технички преглед“, пишува „Макфакс“.

Како што објави агенцијата, исправноста на автобусите на „Дурмо турс“ се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“. Сопственик на „Дурмо Турс“, според Централниот регистар, е Дурмиш Белули. Техничкиот преглед на автобусот што излета кај Ласкарце е извршен во „Авто-мото Гостивар“, која е дел од „АМЗ Гостивар“. Сопственик на „АМЗ Гостивар“ е, повторно, Дурмиш Белули.

Од Државниот инспекторат за транспорт велат дека немаат ингеренции врз станиците за технички преглед. Директорот Руфат Хусеини тврди дека во законот не е наведено дали еден газда може да има станица за технички преглед и истовремено да биде превозник. Од Министерството за транспорт и врски исто така тврдат дека немаат надлежност да утврдат дали е тоа дозволено. Целата вест ТУКА.

 

- Реклама -