Моќната интерконтинентална ракета „Булава“ стана дел од арсеналот на руската армија, се пофали Москва

Руската интерконтинентална балистичка ракета „Булава“, која ја разви Московскиот институт за топлинска технологија, влезе во служба на вооружените сили на Русија, соопшти денеска главниот конструктор на институтот Јуриј Соломонов.

-На 7 мај годинава беше потпишан указ за прифаќање на ракетниот систем ’Булава’ за употреба во вооружените сили, изјави Соломонов за руските медиуми.

Во ноември минатата година руското Министерство за одбрана објави дека подморницата „Цар Александар III“ успешно тестираше балистичка ракета „Булава“.

- Реклама -