Честитки од ДУИ за Законот за јазици

По синоќешната објава на Талат Џафери дека Законот за јазици е објавен во Службен весник и албанскиот станува втор службен јазик на целата територија, Фејсбук и другите социјални мрежи беа преплавени со честитки од највисоките функционери на ДУИ. Честитаа безмалку сите, а меѓу нив и  и молчаливиот вицепремиер кој ретко оди на работа – Хазби Лика, пишуваПлусинфо.

„Ветено, сторено – јазична еднаквост“, напиша Ахмети покажувајќи мускули, додека Артан Груби ги наброи постигнувањата на ДУИ:

• интеграција во НАТО и ЕУ, ветено сторено √
• јазичната рамноправност, ветено сторено √
• системски реформи, ветено сторено √

Бујар Османи, пак, е воодушевен од почетокот на годината и порача дека е горд што е соработник на Ахмети. „Прав лидер!“, пишува Османи.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

„Употребата на албанскиот јазик од нашите домови отсега и во институциите и пошироко. Честитки сонародници законот за јазиците влегува во сила“, честиташе Хазби Лика.

„Законот за албанскиот јазик и во Службен весник. Честитки“, порача и министерот за економија Крешник Бектеши.

- Реклама -