Хидеаки Акаива, еден вистински херој

Хидеаки Акаива, еден вистински херој На 11 март, за време на катастрофалниот земјотрес во Јапонија, Хидеаки Акаива се наоѓал на работното место. По цунамито, неговиот град, Ишиномаки бил речиси потполно поплавен. Откако не успеал да ја најде сопругата во ниту еден од прифатните центри, овој храбар Јапонец зел опрема за нуркање и тргнал во потрага.

Додека останатите жители кои успеале да се извлечат од градот ги чекале воените единици за помош, во прифатните центри, Акаива не можел да чека. Неговата сопруга со која е во брак 20 години не била во прифатниот центар надвор од Ишиномаки, не се јавувала на мобилниот телефон, па тој заклучил дека е сѐ уште заробена во нивниот дом.

Хидеаки Акаива нашол опрема за нуркање и се втурнал во надојдената вода, полна со ѓубре, остатоци од куќи, мртви тела, кабли под напојување и што ли уште не; и пливал кон семејниот дом. Некако успеал да го најде патот низ матната и немирна вода и за негова среќа, ја пронашол сопругата, преплашена и сокриена на горниот кат.

Но, Хидеаки Акаива не застанал на ова спасување. Откако ја извадил сопругата, делејќи го единствениот респиратор со неа, започнал потрага по мајка му, која живеела во истиот град. Прво ги пребарал сите засолништа и прифатни центри во околина, но кога воочил дека ја нема никаде, одново се втурнал во надојдените води и започнал потрага. Ја пронашол на горниот кат од една поплавена куќа, каде што била заглавена цели четири дена, истоштена и преморена.

Хидеаки Акаива, еден вистински херој По спасувањето на двете најважни жени во неговиот живот, Хидеаки Акаива не застанал. Продолжил да помага во напорите за спасување колку што е можно повеќе луѓе од градот во којшто живее. Облечен во војнички панатлони, со ќеси завиткани на нозете, тој вози со велосипедот и бара луѓе на кои им треба помош. И ќе продолжи да го прави тоа, додека нештата се вратат во нормала.

- Реклама -