Возбудливо родео (видео)

бикСедењето во прв ред ви овозможува да уживате во било кој настан без никакви пречки. Но кога сте толку блиску до случувањата понекогаш можете да добиете и малку повеќе возбуда отколку што сте очекувале. Ако седите во прв ред на кошаркарски натпревар постои шанса да ве посети некој од кошаркарите, но првиот ред на родео со себе носи поинаков гостин.


Буч Тримнал уживал со својата сопруга на ова родео во Северна Каролина кога еден од биковите почнал да трча кон нив. Животното продолжило да се приближува кон оградата, но истата не го спречила. Бикот ја прескокнал оградата и слетал во првиот ред, веднаш до Буч и неговата сопруга. И иако двојката биле туркани наоколу од бикот, тие поминале без повреди. И животното поминало без повреди и подоцна повторно се појавило во шоуто. Организаторот ги платил болничките сметки на Буч и неговата сопруга како компензација, и им доделил бесплатни влезници за идни настани.

{youtube}y6LjaAhhm6Q{/youtube}

- Реклама -