Научниците: Маратоните се лоши по здравјето

Резултатите се објавени во магазинот American Journal of Kidney Diseases, на еден месец до маратонот во Лондон за кој се подготвуваат илјадници луѓе.

Претходните истражувања покажаа дека учеството во несекојдневни енергични активности, како воената обука, на високи температури, може да ги оштети бубрезите. За ефектите на трчањето на маратони немаше информација.

Меѓутоа, во меѓувреме, тим истражувачи под водство на професорот Чирага Парика на универзитетот Јејл, истражуваа мала група од учесниците на маратонот во Хартфорд во 2015-та година. Пред и по маратонот, од натпреварувачите се земени примероци од крвта и урината, и е анализирано нивото на серумски креатинин, бубрежни клетки и протеини во урината.

Утврдено е дека кај 82% од маратонците има прва фаза на акутни повреди на бубрезите набрзо по трката. Се работи за состојба во која бубрезите не го филтрираат биолошкиот отпад од крвта.

„Бубрегот на физичкиот напор за време на трчањето маратон реагира како да е повреден – слично на она што се случува кај хоспитализираните болни во ситуации на медицински и хируршки компликации“, вели Парик.

Тој и неговиот тим наведуваат дека можни причини за оштетување на бубрезите при трчањето на маратони можат да се константниот пораст на температурата, дехидрацијата или намалениот проток на крв во бубрезите.

Парик додава дека при истражувањето се востановени и промени на срцето, исто така поврзани со трчањето маратони.

- Реклама -