„24 часа“: И Охрид да го подареше, Заев немаше да добие зелено светло (ВИДЕО)

„Македонците се Блгари, а тоа го докажува генетичката особина дека ‘вториот акал секогаш им е подобар од првиот’. Да го земеме за пример нивниот премиер Зоран Заев; Откако реши да печали избори на грбот на Бугарија, сега одеднаш беше принуден да се враќа на колена во Софија со надеж да извлече некаква добра вест за да ја однесе во Скопје. Заев дојде во Софија иако наполно јасно беше дека нема начин, во предизборната ситуација во Бугарија, како да добие одобрение и отклучување на преговорите со ЕУ од претседателот Румен Радев и техничкиот премиер Стефан Јанев“, критикува бугарскиот новинар Виктор Иванов во најновата анализа на софискиот весник „24 часа“.

Токму овој весник/портал, вчера, повикувајќи се на извори од бугарската влада, објави дека Заев наводно понудил, меѓу другото, и формулација за јазикот, според која Македонците и Бугарите зборуваат, истовремено, и на еден ист јазик, и на различни јазици кои се светски признати одделно.

Меѓутоа, како што оценува бугарскиот новинар, џабе ќе било што и да понудел Заев. „Не јазикот, Охрид да ни го подареше, немаше како тоа (зелено светло од Бугарија) да се случи“, вели Иванов.

Понатаму во анализата, тој ја посочува апсурдноста на спорот, силно критикувајќи ја (и) бугарската страна.

„За жал, во моментов сме во ситуација во која 7 милиони бедници се подигруваат со 2 милиона бедници. И вината за спорот, колку што е македонската тврдоглавост, толку е и во Бугарија. Бугарија тврди дека ‘големиот брат’ – таа е богатата, напредната држава. За жал, не се однесува како таква. Бугарија можеше уште при порачката на вакцините, да порача и за бугарските и за македонските граѓани, а не само да ветува од јануари наваму. Нели ви текнува дека ако испратевме едно камионче со виршли ‘Фајзер’, Македонија веќе ќе беше бугарска“, саркастичен е Иванов.

- Реклама -