Бојко го сними фрижидерот за вакцини во Пловдив, откако од Софија ги донесе комбе за виршли (ФОТО/ВИДЕО)

Со придружба од 4 полициски возила, само 2 часа откако пристигнаа во Софија, Пловдив ги доби првите 1.100 вакцини за ковид од вкупно 9.750 кои пристигнаа во главниот град на Бугарија. Во бугарските медиуми и на социјалните мрежи, пак, главна тема е она што го придружуваа полициските возила – комбето со вакцини, налепено со реклами за виршли и логоа на бугарската компанија за преработка на месо – „Леки“.

Шоуто, меѓутоа, не заврши таму. Набрзо по вакцините, во здравствениот центар во Пловдив пристигна и бугарскиот премиер Бојко Борисов, со својот џип, придружуван од неговиот вицепремиер Красимир Каракачанов и бугарскиот министер за здравство. Како по обичај, Борисов сето тоа го снимаше и пренесуваше во живо на својот Фејсбук профил.

Како што посочува бугарскиот портал „Медијапул“, од камерата не успеа да побегне ниту директорката на Регионалниот здравствен инспекторат – Пловдив, особено не кога премиерот ѝ побара да му ги покаже (и на целата јавност) вакцинациските кабинети и вакцините. Додека таа ја водеше делегацијата низ ходниците, го предупреди Борисов дека тие се складирани во стар советски ЗИЛ. Сепак, Борисов не го криеше кога конечно пристигнаа до местото, па и самиот се пошегува дека очекувал камион, а не фрижидер од времето на Советскиот сојуз од марката ЗИЛ, за кого во Бугарија коментираат дека само уште катанец му фалел. Борисов, сепак, побара да ја види содржината, за само кратко потоа да нареди „затварај“ (демек да не се расипуваат вакцините).

Додека Борисов се соземаше од глетката, министерот за здравство му објасни дека фрижидерот поддржува температура од 2 до 8 степени и дека вакцините на таа температура можат да издржат 5 дена. Додека Борисов бледо го гледаше преку маската, министерот и директорката го уверија дека луѓето ќе ги извакцинираат со овие дози за помалку од пет дена и затоа нема потреба да ги чуваат во специјални фрижидери (околу 3 минута во видеото:

По неизбежниот сеир на социјалните мрежи, реагираше и компанијата сопственик на комбињата.

„Нашата компанија обезбеди бесплатен транспорт на вакцини во специјализиран ладилник по најсовремени европски стандарди. Тие се опремени со најсовремена опрема за ладење, поддржувајќи специјални режими на температура, сензори, термограф, итн. Високиот квалитет на услугите за ладен транспорт на компанијата е гаранција за целосно почитување на условите за брз и квалитетен транспорт на вакцината до точките низ целата земја“, се вели во соопштението, пренесува „Независен“.

Освен тоа, на компанијата не ѝ до шега:

„Ние веруваме дека во услови на досега невидена криза во која се наоѓаме во моментов, секој е должен да придонесе за нејзино надминување, без оглед на спецификите на неговите активности. Ситуацијата е комплицирана и затоа хуморот е несоодветен”, порачуваат тие.

- Реклама -