Овошен јогурт, а не само водка

dc81ae4b0e4c767d06c746d356c38cfd[1]

„Од брусницата правете овошен јогурт, а не само водка“, апелираше Путин при средбата со полјоделците во Тверската област.

Пред да учествува на советувањето околу развојот на земјоделството, Путин доручкуваше со земјоделците во полето.

„Гледам дека од руската брусница се прави водка. А од некоја причина, од нашите брусници не правиме овошен јогурт, туку за него увезуваме брусница“, рече Путин, откако за време на доручекот проба овошен јогурт и овошен напиток од брусница од една локална компанија.

77c45db70bcf4c2f90f9ed9fa9094e1f[1]

Русија увезува големи количини јагодесто овошје и печурки. Само на печурки троши 2 милијарди долари годишно. Путин и Александар Ткачев – министер за земјоделство, се надеваат дека во следните две до три години, производството на брусница значително ќе се зголеми… за да има и за други ствари, а не само за водка.

- Реклама -