Ентони Хопкинс: Животот е кореографија

entoni

Животот е кореографија: ништо не посакувај, ништо не чекај и прифаќај го сето она што ти се случува смирено.

Не ме засега што зборуваат и мислат луѓето за мене. Јас сум таков каков што сум и го правам она што го правам, само за забава. Ете така е конструирана оваа игра – чудната игра на животот.

Тука нема ништо за правење, ништо за губење, ништо за докажување. Оваа мисла ми дојде пред 10 години кога седев во еден римски хотел и оттогаш си ја повторувам како мантра.

Имав многу длабок проблем со егото, бидејќи не го добивав она што го сакав. Оттогаш, многу неверојатни нешта се случија во мојот живот.

Сер Ентони Хопкинс

- Реклама -