Изложба на скулптури и макети во Крива Паланка

Изложбата на скулптури и макети на уметниците Анета Стојчевска и Елизабета Тошевска, насловена како „Нова перспектива /Трансформер продукција” , ќе биде отворена  во  НУ Центар за култура Крива Паланка, на 16 мај (четврток), со почеток во 20 часот. 

Според организаторите, „Нова перспектива /Трансформер продукција”  е замислена како заеднички проект на Стојчевска и Тошевска  во кој секоја со свој уметнички израз и визуелна перцепција на уметничкото дело – скулптура претставува нови поинакви трансформирани видувања на мотиви, форми и принципи користени низ историјата на уметноста.

„Идејата да се пристапи на еден феномен од две различни перспективи ја чини оваа изложба уникатна не само во формална, туку и во суштинска смисла. Покрај заедничкиот наслов,  дополнително е замислено користење на одделни наслови и поднаслови аплицирани кај фотографиите од скулптурите на а Тошевска и кај скиците-плановите на Анета Стојчевска, поставени во простор визуелно физички одделен од просторот во кој би биле поставени: скулптурите и 3Д макетите од огледала.  Со тоа, двете поставки чинат една целина и можат да бидат перцепирани заедно“, изјави проф. д-р Трајче Стојанов, естетичар.

Прочитајте и:  Изложба на слики „Македонско девојче“ во Центарот за култура во Битола

Проектот е поддржан од Министерството за култура, а го организира НУ Центар за култура Крива Паланка како дел од манифестацијата Крива Паланка-Град на културата 2024“.

- Реклама -