Home Култура Книги Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

0
Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест“, организираат ексклузивното гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024.

Мурад Мерзуки

Всушност, по огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во 2017 година во рамките на „Танц фест“, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ / „Käfig“ се враќаат во Скопје со нивниот најнов танцов спектакл „Мозаик“.

Во текот на изминатите триесетина години, Мурад Мерзуки вистински придонесе кон развојот на хип-хопот и го зацврсти местотот на овој танц во светот на современата кореографија.

Низ бокс, циркуски точки, класична музика и воздушни танци, патувајќи од една креација кон друга, публиката е принесена во нов универзум, кој сам по себе е единствен, поетски и визуелен.

Секоја танцова точка е производ на навидум неочекувани танцови средби. Секој на свој начин се движи по патеките, ги заобиколува клишеата, ги надминува естетските граници и ги открива новите перспективни на хип-хопот.

Во 2022 година, откако го завршува мандатот на раководител на Националниот кореографски центар во Кретеј и Вал-де-Марн, Мерзуки предлага танцов приказ на неговата уметничка кариера, поканувајќи триесетина танчери од групата „Кафиг“ за да изведат извадоци од неговите танцови претстави, кои на ваков начин слеани во едно дело, и кои за првпат ќе бидат изведени на сцена. Насловот на ова дело е „Мозаик“.

Уметничкиот преплет, насловен „Мозаик“, во суштина ги содржи најдобрите точки од неговиот репертоар, а во истиот Мерзуки се појавува како како содавач-алхемичар.

На настанот збор ќе земат:

  • Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција,
  • г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и
  • г-ѓа Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест“.

Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here