Карфиолот – моќен борец против ракот

Карфиолот е зеленчук кој припаѓа на семејството – зелки, а ова зелјесто растение во последно време им го привлекува вниманието на испитувачите поради своите чудотворни можности во борбата проив ракот, вклучувајќи ги туморите на белите дробови, дебелото црево, дојката, мочниот меур и ракот на јајниците.

Вклучете го карфиолот во исхраната и уживајте во неговите изненадувачки здравствени бенефиции.

karfiol3

Детоксикација од канцерогените елементи
Карфиолот содржи сулфурни соединенија кои вршат детоксикација на нашето тело и така ја спречуваат појавата на ракот. Елементите присутни во карфиолот ја зголемуваат активноста на ензимите кои се вклучени во детоксикацијата на канцерогените материи.

Антиоксидативни својства
Антиоксидативните својства во карфиолот се важна тема за многубројните истражувања. Карфиолот содржи фитонутриенти, кои се доволно силни да се борат против канцерозните клетки. Хранливите материи во карфиолот се богати со антиоксиданси, со помош на кои карфиолот помага во намалувањето на ризикот од рак.

img_full_58759

Витаминот Ц во карфиолот го намалува ризикот од оксидативниот стрес во нашите клетки, па со тоа помага во избегнувањето на ракот.

Карфиолот е богат со магнезиумот кој е важен во оксидативно-редуктивните механизми на нашето тело. Магнезиумот е доволно силен за да го сочува нашето тело од оксидативниот стрес, со што се спречува ракот.

ZS_kar1

- Реклама -