Хранливите и лековитите својства на тиквата

Тиквата е растение со голема биолошка и енергетска вредност, a поради тоа е погодна и за диетална исхрана. Во човечката исхрана тиквата е недоволно застапена. Некои видови се користат за исхрана на домашните животни, а нејзините состојки се користат и во фармацијата.

mini-pumpkins-jpg

Одгледување

Тоа е едногодишно зелјесто растение од фамилијата скриено семени растенија. Стеблото е шупликаво и долго, цветовите се убави, златножолти, а плодовите се тркалезни, јајцевидни или долгнавести. Тиквите можат да бидат со различна големина и тежина од половина до десетина килограми. Има многу видови (околу 800) и тие се со прекрасни бои: зелени, бледожолти, жолти, шарени, бели, сиви…
Успева во потопли краишта. Додека расте тиквата ги впива од почвата речиси сите хранливи состојки, поради што на такви места е отежнато одгледувањето на многу други растенија. Интересно е дека тиквата е отпорна на паразити, па при одгледувањето не треба да се третира со никакви хербициди. Плодовите се достапни за јадење од средина на летото па сè до пролет.

Користење во исхраната

Се препорачува поради своите биолошки и лековити својства. Освен „месото“ особено се хранливи и семките па дури и цветовите од тиквата. Со оглед на хранливите состојки и поради лековитите својства, голема штета е што тиквата во нашата исхрана е релативно малку застапена, бидејќи примената и е широка: може да се користи како јадење, како додаток на јадењето но и како благо.
Тиквата во исхраната се користи варена и печена. Семките од тиквата може да се јадат сушени или печени и многу се хранливи, лековити, но и калорични, а од нив се добива и прекрасно масло. Сокот и пулпата од тиквата се користат за подготвување на различни коктели и сокови. Цветовите пак може да се полнат со различни додатоци потоа да се испржат или похуваат.
Некои видови тиква се одгледуваат за човечка исхрана а некои за исхрана на добиток.

Pumpkin-Pudding-602x451

Лековити својства

Тиквата во себе ги содржи лековитите состојки како што се: бетакаротен, белковини, растителни влакна, растителни масла, витамини А, Б1, Б2, Б3 и Б6, витамин Ц, витамин Е, железо, калиум, калциум, магнезиум итн.
Богата е со витамини и минерали и се препорачува во секојдневната исхрана.

Turn Pumpkin Guts Into Healthy Treats

- Реклама -