Судот одлучи: Samsung краделе од Apple

Компанијата Apple победи во втората судска борба против Samsung, откако американскиот апелационен суд во жалбена постапка оцени дека јужнокорејскиот гигант треба да ја забрани продажбата на уреди кои го кршат правото на патентите на Apple.

Апелациониот суд оцени дека првостепениот суд во Сан Хозе го злоупотребил своето дискреционо право отако го отфрли лани барањето на Apple за повлекување од продажба на три уреди на Samsung.

Apple го поднесе барањето откако успеа да докаже дека Samsung без дозвола применил кај своите уреди три патенти што припаѓаат на Apple, така што Samsung дури бил осуден на плаќање оштета од 120 милиони долари.

Станува збор за патентот за iPhone – отклучување на телефонот со повлекување со прстот и системот за детекција на податоци и текстови.

- Реклама -