Google против картелите за дрога, тргувањето со луѓе и сè што е нелегално

Со потег кој потекнува од нивната „не чини зло“ филозофија, Google го посвети своето внимание на борбата против нарко картелите, трговијата со луѓе и други нелегални индустрии преку Google Ideas проектот.

Good Ideas бил започнат уште минатата година и Google го опишува како тинк-тенк кој „ги истражува прашањата од нова перспектива“. Првиот проект, кој започнал во средината на 2011 година, се соочи со спречување на радикализација и екстремизам, создавајќи нова платформа за справување со големи проблеми.

Сега компанијата сака да помогне во борбата против нелегалните индустрии кои според нив имаат „ужасно влијание врз луѓето и економијата во секоја земја“. Google сака преку интернетот и нивното истражување да добие информации за создавање решение кое ќе се соочи со раководните системи кои дозволуваат развој на индустрии како трговија со наркотици и луѓе.

Проектот е веќе во развој и во текот на следната недела Google ќе процени како технологијата може да биде искористена за овој проект: „Оваа недела, во соработка со Council on Foreign Relations и Tribeca Film Festival, ќе го одржиме Illicit Networks: Forces in Opposition (или INFO самит) во Лос Анџелес.“

„Целта на овој самит е обединување на сите кои би сакале да се борат против овие појави, од луѓе кои се жртви на трговија со органи и луѓе до владини претставници, инеженери, технолошки лидери и менаџери од Google и други компании. За време на самитот кој ќе трае до среда ние се надеваме да откриеме начин за користење на технологија во соборување на овие мрежи – и ставање на тие идеи во пракса.“

Ерик Шмит од Google е само еден од директорите кои редовно ги фали позитивните придобивки на интернетот врз општеството и животот. Претседателот на Компанијата е особено страствен за социјалната страна на бизнисот и тој неодамна изјавил дека кинескиот “Great Firewall” и режим ќе биде срушен со текот на времето.

Шмит признал и дека тој има личен интерес да види како Google помага во менување на работите во „луди земји“ како Авганистан, Сомалија и други. [The Google search: Human trafficking and drug cartels]

- Реклама -