Руски „Сојуз“ замина во орбитата

Во 8 часот и 40 минути по локално време, од космодромот Бајконур во Казахстан, беше лансирана руската ракета сојуз, со интернационален екипаж упатен кон Меѓународната вселенска станица.

Ова лансирање ја одбележува 37. годишнина од првата соработка помеѓу САД и Советскиот Сојуз, во име на научното истражување. Тогаш, леталата Аполо и Сојуз за првпат се поврзале во вселената, поставувајќи одличен преседан за идните генерации.

Со „Сојуз“ кон Меѓународната вселенска станица заминаа: космонаутот Јури Маленеченко, астронаутот на НАСА, Американката Сунита Вилијамс, како и Јапонецот Акихито Хошиде. Целта на нивната мисија е да ги направат неопходните подготовки во вселенската станица, за зголемениот екипаж што треба да замине таму во неколку претстојни мисии.

Лансирањето на „Сојуз“

{youtube}Jw-Mb2zNYrs{/youtube}

[Russian Soyuz rocket starts mission to space station with 3-person international crew onboard]

- Реклама -