Еве како да се решите од алергијата на полен, на природен начин

10 луѓе во светот се алергични на полен од амброзија.

Така, додека многумина уживаат во прошетките под умереното септемвриско сонце, луѓето чувствителни на полен од амброзија, кои не превземале на време мерки за имунизација, мораат да се стрпат уште неколку седмици додека трае сезоната на цветање, но и да ги избегнуваат најпрометните улици.

Всушност, од сите поленски алергии, поленот на амброзијата е предизвикувач во 50 до 60% од случаите. Кај најчувствителните лица, 8-20 поленови зрна во 1 m3 воздух, можат да предизвикаат силни реакции, а само еднo растение амброзија произведува 1-8 милијарди поленови зрна.

Амброзија
Амброзија

Во поленот на амброзијата се констатирани 52 соединенија кои се алергогени, од кои 6 се посебно опасни. Алергиската реакција првенствено се појавува на горните дишни патишта. Отежнатото дишење и засилената секреција се основни облици на алергијата која може во некои ситуации да премине и во астматични напади. Се почесто во светот се бележат смртни случаи предизвикани од претерана алергиска реакција на амброзија.

Амброзијата не предизвикува реакција само кај луѓето, туку и кај животните.

Штетноста на амброзијата во земјоделството е голема бидејќи таа, благодарејќи на исклучително силниот коренов систем и бујната вегетативна маса, од земјиштето троши големи количини хранливи материи, предизвикувајќи негово осиромашување.

Затоа ви порачуваме неколку домашни рецепти, со чија што помош ќе ги намалите симптомите, на оваа алергија која зема се поголем замав со загадувањето на воздухот.

Домашни рецепти:

 – Запушеноста на дишните патишта може да се намали со додавање на лук во храната или консумирање на таблети на база на лук.

 – За смирување на интензивното испуштање на секрети од носот, се препорачува три пати во денот за се зема шолја чај од коприва, ѓумбир, цимет или каранфилче.

 – Корисно е инхалирање на пареа со пола литар зовриена вода во која е исипана лажица сушена камилица или ајдучка трева.

– Кај поленската кивавица исто е добро да се консумира дневно две-три шолји чај од неколку видови трева, маточина, ехинацеа или камилица.

- Реклама -