Зошто мажите не сакаат да се допишуваат?

Голем дел од мажите велат дека ги збунува пишувањето на пораки кон жените, од причина што се плашат дека ќе бидат погрешно разбрани, а покрај тоа оваа активности им е здодевна, напорна и им одзема време.

Додека кај жените, комуникацијата е елементарна за секој однос, а помало внимание обрнуваат на начинот на кој што ја вршат истата, кај мажите нештата се сосема поинакви.

Бројни истражувања покажуваат дека жените повеќе сакаат да испраќаат СМС пораки, додека на мажите најлесно им е да го завртат телефонскиот број. Многу претставнички на понежниот пол се лутат што нивните партнери не сакаат да разменуваат „слатки“ пораки, насмевки и срценца, а на мажите пак, од друга страна, не им е јасно зошто жените уживаат во оваа глупава активност.

Меѓутоа, технологијата во последната деценија стана важен дел од флертувањето, па оние кои не знаат да ги искористат нејзините предности можат да имаат потешкотии во пронаоѓањето на сродна душа, останувајќи загрозени од конкурентите кои умеат вешто да ги употребат телефонот и комјутерот во игрите на заведување.

Една третина од мажите смета дека остава подобар впечаток кај женскиот пол додека го води разговорот лице влице, а не низ пораки каде чувствуваат дека некој им ги лови сите грешки. Петина испитаници признаваат дека ги фрустрираат двосмислените пораки, па не се сигурни кога е вистинско време да „тргнат во акција“, бидејќи често се случува жените да заклучат дека „ сè се одвива премногу прзо меѓу нив“.

- Реклама -