Најдобрите лекови против изгореници, што ги имате во кујната

Покрај негата, важно е во текот на заздравувањето да пиете што повеќе вода и да го туширате пределот со изгореници со студена вода, три до четири пати дневно, за да ја надополните изгубената влага во длабинските слоеви на кожата.

Покрај честите предупредувања за опасноста од UV зрачењето, многумина и понатаму уживаат на плажите без соодветна заштита, па доаѓаат дома црвени „како рак“, а некои завршуваат со сериозни изгореници.

Доколку и вие сте се заборавиле под сонцето и сега се мачите со црвенило и болки на кожата, помогнете си со помош на неколку намирници од кујната. Освен што се веднаш достапни, овие намирници се многу ефикасни во поглед на санирање на сериозните оштетувања на кожата кои изгорениците подоцна можат да ги предизвикаат.

Овесна кажа

1

Направете освежувачка купка во кадата, па во водата додадете две до три шолји мелена овесна каша и сето тоа добро промешајте го. Почекајте десетина минути, па лежете во када и уживајте од следните 20 минути, до половина час.  По купката измијте ја кожата со студена вода.

Овесната каша ќе ја смири кожата и ќе го ублажи пецкањето и иритацијата. Исто така, оваа здрава намирница ја чисти површината на кожата и помага при побрзо зараснување.

Домат

2

Антиоксиданските од доматот се одлични при первенција против инфекции на површината на кожата, која е оштетена по излегувањето на силното сонце. Извадете го доматот од ладилник, исушете му ја кората, па иситнете го исецкајте или испасирајте го со вилушка така што ќе стане кашест. Смесата, додека е студена нанесете ја на изгорениците и оставете ја така да отстои околу половина час, за потоа извадете ја со влажен пешкир.

Краставици

3

Сите добро знаеме дека маската од краставици е ефикасна за сувата кожа на лицето. Бидејќи ја стимулира циркулацијата и природно ја обновува влагата на кожата, краставицата е одлично решение против изгорениците од сонце.

Студената краставица исечете ја на кругчиња, а потоа распоредете ја по изгорената кожа. Оставете така да отстои 15-20 минути, а потоа заменете ги со нови, студени кругчиња и повторете ја постапката уште еднаш.

Јогурт

4

Мачкањето со јогурт е добро познат метод за санирање на изгорениците од сонцето бидејќи ги ублажува симптомите како пецкање и чувството на затегната кожа.

Можете да ги премачката критичните зони со подебел слој на студен јогурт, а доколку сакате да го зголемите ефектот, тогаш можете да го помешате јогуртот со овесна каша, или, да намачкате јогурт и врз него да наредите краставици. Во секој случај, смесата држете ја 15 минути, измијте ја со студена вода, па по еден час повторете ја постапката.

Јаболков оцет

5

Оваа магична течност прави чуда за вашата кожа, особено ако е оштетена од сончевите зраци. Јаболковиот оцет ќе ги отстрани штетните бактерии од површината на кожата и ќе и овозможи на кожата да ја врати pH рамнотежата, нарушена со сушење.

Измешајте половина литар студена вода и половина шолја јаболков оцет, па со мешавината натопете памучна пелена и со неа прекријте ги изгорените делови од телото. По 15 минути, повторно замотајте крпа и повторете го третманот.

Компир

6

Кога ќе ја спуштите раката на зоната која што е изгорена од сонце, имате впечаток како да ви гори кожата, а компирот е познат како добар природен лек за „лечење“ на температурата. Покрај тоа, овој зеленчук делува и како природен аналгетик, односно природно средство против болки.

Излупете го компирот и нанесете го на тенка кришка или изрендајте го па ставете го на болните места. Прекријте со тенок чаршав или пелена, па останете така барем 20 минути.

Сода бикарбона

7

Ако ви изгорел голем дел од телото, тогаш наполнете ја кадата со млака вода и во неа ставете половина шолја сода бикарбона. Лежете во водата и останете во неа околу 10 минути.

Кај помалите изгореници на раните ставите облоги од студена вода во која сте растопиле сода бикарбона и држете ја околу 15 минути. Ова правете го повеќе пати во текот на денот.

- Реклама -