Овој часовник ќе ве разбуди со мирис на пари

Тешко ли ви е да се разбудите наутро?

Колку пати го притискате „snooze“ копчето на алармот? Идејата на SensorWake е да го направат будењето попријатно, но како?

Во 2014 година Google го дефинира пронајдокот на Џулауме Роланд како едно од 15-те кои можат да го променат светот.

Како работи SensorWake?

Откако алармот за будење ќе заврши, SensorWake започнува да лачи мирис, кој може да потсетува на појадок (кафе и кроасани), праски и јагоди, море, свежо искосена трева, чоколадо, па дури и пари.

Алармот не располага со „snooze“ копче, но сепак можеме да го стопираме распрснувањето на миризбата. Секој од нив може да се користи барем 60 пати.

Цената на пронајдокот на 18-годишниот Роланд е 89 долари, но во моментов може да се купи за 66 долари, заедно со две миризливи состојки.

- Реклама -