Денеска е меѓународен ден на детето

На 1 јуни го славиме Меѓународниот ден на детето.

Празникот потекнува од Светската конференција за прашањата на детското здравје, одржана во Женева во 1925 година.

Идејата за одбележување на овој ден доаѓа во 1925 година, кога кинескиот генерален конзул во Сан Франциско собира неколку кинески деца сираци и ги води на празникот на чамци-змејови (кинески празник, што влече корени од почетокот од антиката и е поврзан со пролетната рамноденица).

Подоцна неговата иницијатива е продолжена, независно од тоа што се одржува меѓународна конференција за прашањата на детското здравје, во САД и во Европа .

Во 1949 година, денот официјално е прогласен за Меѓународен ден за заштита на децата,  а во 1950 година 1 јуни за прв пат е одбележан во 51 земји во светот.

Прочитај повеќе: Креативна дружба: Занимливи дизајни за родители и деца

- Реклама -