Се ближи крајот на хартиените пари и плаќањето во кеш

Данска го направи првиот чекор кон збогување со хартиените пари – засекогаш. Данската трговска комора предложи закон со кој продавниците ќе имаат право да одбиваат плаќање во готово.

Наместо тоа, трговците би преминале кон наплатување стриктно преку дебитни и кредитни картички, како и плаќање преку мобилен телефон.

Ако мерката биде одобрена од Парламентот, трговците би можеле да почнат да одбиваат кеш уште во Јануари, 2016-та.

„Го воочивме она што трговците ни го кажуваа веќе некое време“, вели Софи Андерсен од Данската трговска комора. „Користењето на кеш е скапо, бидејќи подразбира време потребно за платените работници да се справат со готовината, а патем подразбира и безбедносен ризик“, објаснува Андерсен.

Потегот е поддржан од Capital Development Fund’s Better Than Cash алијансата која е дел од Обединетите Нации и има за цел да го забрза преодот кон електронско плаќање, на глобално ниво.

- Реклама -