Митови околу технологијата во кои луѓето уште веруваат

Технологијата стана неразделен дел од нашите животи, а луѓето природно се наклонети да мислат дека знаат и се разбираат во она што го прават. Можеби од таа причина, од колено на колено се пренесуваат одредени митови што имаат малку заедничко со реалноста.

 

НЕ ЈА ПОЛНЕТЕ БАТЕРИЈАТА НА ТЕЛЕФОНОТ ДОДЕКА ЦЕЛОСНО НЕ СЕ ИСПРАЗНИ

SONY DSC
Во овој мит веруваат голем дел од корисниците на телефони со литиум-јонски батерии, а вистината е дека на телефонот воопшто не му штети ако го вклучите да се полни уште пред да се испразни батеријата. Напротив, добар дел од експертите дури и го препорачуваат тоа и сметаат дека е добро за батеријата.

 

НЕ МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ ДОБРА ФОТОГРАФИЈА АКО КАМЕРАТА НЕМА МНОГУ МЕГАПИКСЕЛИ

ImageSizes[1]
Најголемиот дел од луѓето веруваат дека квалитетот на фотографијата зависи директно од „квалитетот“ на камерата, но реалноста е дека постојат многу фактори. Сочивата на камерата, сензорите, осветлувањето, композицијата и контролата на камерата се многу поважни.

 

ЛАПТОПОТ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СТЕРИЛИТЕТ

LaptopHeatCondition-1024x682[1]
Многу студии се потрудија да најдат поврзаност помеѓу лаптоп компјутерите, мобилните телефони и Wi-Fi уредите – со стерилитетот. Сепак, науката заклучи дека лаптопот сам по себе не е проблем, туку топлината што ја произведува. Тестисите се сместени надвор од телото за да останат ладни, па седењето со било што топло во скутот треба да се избегнува.

 

QWERTY Е НАЈЕФИКАСНАТА ТАСТАТУРА ЗА ПИШУВАЊЕ

Dvorak_keyboard_layout[1]
Стандардните тастатури со QWERTY распоред (на буквите) е еден од најдобрите примери дека технологијата не може секогаш да победи. Таа е дизајнирана единствено за да се избегнат одредени внатрешни проблеми во машината. Не е точно дека на неа најбрзо се пишува, но не е точно ниту дека е намерно направена за да ги успори луѓето.
Во меѓувреме, постојат и други типови на тастатури, меѓу кои и DVORAK, кај која самогласките и често користените согласки се сместени на средината.

 

LCD ТЕЛЕВИЗОРИТЕ СЕ ПОДОБРИ ОД LED ТЕЛЕВИЗОРИТЕ

hqdefault[2]
LCD и LED наставките дури не се ни однесуваат на ист дел од телевизорот. LCD се однесува на технологијата во внатрешноста на екранот, во која има и OLED (диода која емитува светлост). LED означува „диода која емитува светлост“, а сите модерни телевизиски уреди, вклучувајќи ги и LCD телевизорите, користат LED.

 

СО ЗАТВОРАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ НА СМАРТФОНОТ ШТЕДИТЕ БАТЕРИЈА

Smartphone with apps
Не се сите оперативни системи исти, па овој мит не е едноставен за разбивање. “Windows Phone 8” апликациите функционираат на сличен начин како и iOS апликациите, со тоа што постојат исклучоци.

 

ТЕХНОЛОШКИТЕ ПРОНАЈДОЦИ ВОДАТ КОН ПОДОБАР КВАЛИТЕТ

tech-innovation-100342420-orig[1]
Подемот на мп3 плеерите и iPod уредите ја направија музиката многу подостапна, но звукот кој го произведуваат е со полош квалитет од оној на компакт дисковите.

- Реклама -