5 знаци дека Apple е култ

Просечниот продавач во Apple store прави продажби во вредност од околу 500.000 долари годишно. Но истиот тој продавач има плата од само околу 25.000 долари годишно.

Иако оваа плата е подобра од онаа на продавачите во некои други компании, таа е далеку под шест цифрените плати кои ги заработуваат вработените во Verizon. Анализирајќи ја културата во продавниците на Apple Дејвид Сигал од The New York Times Segal вели дека триесетте илјади продавачи на Apple често се исцрпени од брзото темпо на работата и фрустрирани од недостиг на можности за унапредување.

Сепак, продажниот успех на Apple продолжува, во најголем дел поради „константната база на фанови која обезбедува постојан прилив на нетрпеливи апликанти и култура на вработени која секоја работа ја претвара во света мисија“ вели Сигал. Резултатот е работна сила која во многу погледи потсетува на култ.

1. Апликантите се верни следбеници

Продавниците на Apple се преплавени со апликации за работа, најчесто од „вистински верници“ кои биле привлечени на млада возраст вели Сигал. Тие се огромни фанови на iPhone, iPad и другите производи на Apple кои ја промениле компјутерската индустрија. Тие се подготвени на сè за „општото добро“ кое компанијата наводно го постигнува во светот.

„Отсекогаш сте биле евангелист за Apple а сега и ќе ве плаќаат за тоа“ вели Греам Марли, поранешен продавач во Apple. Дознавајќи дека ја добиле вработата многу од новите работници на Apple почнуваат да плачат.

2. Новите вработени поминуваат низ индоктринација

Тренирањето на нови вработени во Apple повеќе наликува на „процес на индоктринација“ вели Филип Елмер-ДеВит од CNN. Новите регрути се пречекани со аплауз и нив постојано им се кажува дека нивната мисија е „збогатување“ на животот на луѓето.

„Идејата е кај вработените да се вметне чувство дека тие прават нешто поголемо од едноставно продавање или поправање на производи. Компанијата разбира дека голем број луѓе би се откажале и од пари ако чувствуваат дека имаат виша цел.“ Шејн Гарсија, поранешен менаџер во Apple store, му кажал на Сигал дека за него Apple било место кое „од вас бара да бидете најдобар што можете во животот, не само во продавањето“.

3. На вработените не им е дозволено да зборуваат со медиумите

Apple има имплементирано виртуелна завеса на тишина врз своите операции за продажба и им забранува на вработените да зборуваат со медиумите. Но компанијата направи исклучок за Кори Мол, кој му кажал на Сигал дека неодамна добил повишување во платата од Apple

„Apple сака да покаже дека се грижи за работниците“ вели Мол „и да покаже дека знае колкава вредности имате за компанијата преку поголемо повишување од претходните години.“ Сомнителното време на ова повишување ги натерало некои луѓе да се запрашаат „дали Apple само сакале да создадат добра приказна пред статијата на Сигал да биде објавена“ вели Салвадор Родригез од Los Angeles Times.

4. Apple има сопствена чудна терминологија

Техничарите за помош во продавниците на Apple се познати како „генијалци“ а Сигал објавува дека компанијата има титули налик на Скиентологијата и за продавачите кои се познати како „специјалисти“. Од вработените се очекува да учествуваат во анкета за задоволство која е именувана како да потекнува од култ – “NetPromoter for Our People”.

Вработените оценуваат, на скала од 1 до 10, колку би биле подготвени да предложат работно место во Apple на пријател или роднина. Оние кои одговараат со 9 се обележани како „промотери“ а оние кои даваат оценка од 7 или пониско се сметаат за „клеветници“.

5. Восхитот се претвара во разочараност

Ниските плати, недостигот на напредување во кариерата и брзото темпо на работата со тек на време ја намалуваат жестината на вработените. Според некои извори во компанијата има далеку повеќе „клеветници“ отколку „промотери“ и многумина со задоволство си заминуваат по две-три години. Но тешко е да се верува дека Apple некогаш ќе има недостиг на работна сила, секогаш има луѓе кои сакаат да работат за Apple.

- Реклама -