Подготовка на домашна маска за ефект на густа коса

Доколку не сте задоволни од својата коса, а особено од нејзината густина, побарајте помош во кујната.

Во продолжение дознајте како да направите домашна маска, која ќе создаде дополнителна густина на вашата коса.

Што ви е потребно?

1. Две супени лажички рицинусово масло

2. Една жолчка

3. Една супена лажичка мед

Сите состојки измешајте ги во една чинија. Смесата најпрво нанесете ја на краевите, а остатокот распоредете го по целата коса. Потоа, ставете капа за туширање или обична ќеса на главата. Чувајте ја така два до четири часа. На крајот, измијте ја косата со топла вода, ставете шампон и регенератор.

Постапката повторувајте ја еднаш до два пати седмично во текот на два месеца.

- Реклама -