Жалфија -природен антибиотик за женските болести

Жалфијата е една од најлековитите билки. Ова се нејзините најважни благодети.

Оваа билка е природен антибиотик и одлично средство за зајакнување на имунитетот.

Таа е силен антисептик, со изразено антивоспално и антимикробно дејство. Благодарение на антимикробното дејство, жалфијата се употребува во антивирусните масти против херпес.

Жалфијата е одличен хормонски регулатор. Се покажала како многу ефикасен билен лек за ублажување на тежините во менопауза.

Жалфијата се употребува за да го намали чувството на топлина и да регулира потење.

Естрогенското дејство на оваа билка допринесува до регулација на менструалниот циклус и ја ублажува болната менструација.

Заклучно со ова, девојки, доколку имате болен менструален циклус подгответе си топло чајче од жалфија. Резултатите ќе ги почувствувате веднаш.

sage_tea_in_a_glass_teapot_320591-600x365

 

- Реклама -