Времеплов и едно симпатично време… развивање на филм, ѕвонење на фиксен

Дали ги паметите нештата како што се изнајмување на видео касети, снимање на песни, развивање на филм? Денешните деца тешко дека ќе ги разберат овие маки што одамна не постојат.

Развивање на филм

2

Чекањето на филмот да се развие за да дознаеме какви ни се фотографиите, како сме „испаднале“, и најважно да нема попусто потрошена фотографија од филмот, зашто сте ја платиле и неа. Најлошо од се е ако случајно сте го осветлиле филмот и сосема да ги уништите сите слики.

Снимање на омилените песни

3

Многу пред Јутуб, слушањето на песните кои ни се допаѓаа беше многу комплицирано. Прво моравме да го почекаме моментот кога ќе ја пуштат на радио и дури тогаш да ја снимите на касета. Доколку водителот започнуваше да зборува пред крајот на песната, тој беше главен виновник за залудно потрошеното време.

Гледање на филмови

4

Прво моравме да чекаме филмот да стигне во видеотеките. Секој ден во кој се задржуваше касетата, се плаќаше дополнително.

Јавување на фиксен

5

Многу пред мобилниот телефон и социјалните мрежи, единствен апарат за контакт бил фиксниот. Од друга страна, секогаш беше интересно кога ќе се јават родителите на дечкото/девојката…Притоа разговорите ги слушаше целото семејство, бидејќи телефонот не може да се носи во другата соба.

Антена и далечинско

6

Многу пред кабловската, каналите мораа да се наместат рачно и тоа така што една личност мораше да се поместува за сликата да стане подобра.

Телефонски двојник

7

Два различни броја на телефон, но кои што користат иста линија. Ако вашиот „двојник“ разговара, вие не можете да го користите телефонот.

Купување саати на интернет

8

Замислете да морате однапред да купувате број на саати кои ќе ги поминете на интернет. Постоеше цена од час, и не се трошеше толку залудно.

Цртани во 7 и 15

meceto-usko-e1359547548639

Цртаните некогаш се пуштаа пред дневникот. Секогаш се знаеше каде сме во таа доба.

Флопи дискета

9

Единствен начин за префрлање од еден компјутер на друг, беше дискетата, која имаше многу мала и ограничена меморија.

Кабли

10

Колку е само фрустрирачки да исправите нешто вакво?

- Реклама -