Дали е ова иднината на лаптопите?

Овој  иновативен уред би можел да се појави на виделина во наредните години. Концептот беше претставен од германската компанија Orkin Design уште во 2009 година.

Од компанијата признаваат дека тогаш не помислиле да го пуштаат овој производ на пазарот, но добиле илјадници честитки и барања, поради кои решаваат да продолжат понатаму.

Неодамна беше објавено и видео кое ја покажува иднината на лаптопите – флексибилен дисплеј, со тоа што едниот дел служи како екран, а остатокот, како тастатура. Уредот исто така може да се користи како таблет, или да се исправи целосно, за да може на него да се гледа видео.

Во моментов, развојот на Rolltop е се уште на концептуално ниво. Се очекува некој да ја откупи идејата и да создаде вистински производ што ќе направи револуција во дизајнот на преносните компјутери.

- Реклама -