Нема веќе „ол-инклузив“ одмори во Грција

Се чини дека неограничените коктели и „се што можеш да изедеш“ бифеа ќе станат минато за оние што одморите ги поминуваат во Грција.

Новиот лидер на земјата, Алексис Ципрас, објави војна на „ол-инклузив“ понудите за летни одмори, кои се мошне популарни кај туристите од западна Европа, но и меѓу нашите сонародници.

Премиерот смета дека ваквите ол-инклузив пакети ги „изолираат“ туристите во една локација, што пак штетно се одразува на малите бизниси во околината. Во обидот да се оддалечи од традиционалните летни одмори, Грција може да го забрани и издавањето на јавно земјиште под концесија на инвеститори кои би го претвориле во туристички ресорт.

„Не сакаме да продолжиме со моменталниот презаситен модел на интензивна експлоатација на туризмот“, вели Ципрас.

Мицалис Крицотакис, одговорен за туристичката политика на Сириза, потврдува дека и владејачката партија, но и туристичката индустрија, сметаат дека „ол-инклузив“ моделот не е најдоброто решение за нив.

- Реклама -