Сеедно е дали вежбате: Седењето ве убива

Имаме лоша и полоша вест. Лошата веројатно ја знаете, а тоа е дека долгото седење е штетно за нас. Полошата вест е дека дури и ако вежбате редовно и напорно за да ги „неутрализирате“ сите часови што ги поминувате во седење, било на работа или дома, нема многу ефект.

Седењето го зголемува ризикот од смртоносни болести како канцерот и срцевите заболувања. Од друга страна, тренинг сесиите во теретаната не го поништуваат ефектот од времето поминато во седење пред биро.

Докторите препорачуваат да станувате и да шетате наоколу што почесто додека сте на работа И ДОПОЛНИТЕЛНО да вежбате во слободното време.

Д-р. Дејвид Алтер од канадската University Health Network вели дека најголемиот дел од луѓето поминуваат околу 50% од животот во седење – што го зголемува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.

Долгото седење предизвикува стеснети крвни садови, редуциран крвоток и губење на мускулната маса на срцето, што значи намалена ефикасност при пумпањето крв во организмот.

Д-р. Алтер вели дека без разлика колку тегови и да кревате, нема да ги надокнадите долгорочните ефекти од седењето.

„Повеќе од половина од денот, просечниот човек поминува во седење – гледајќи ТВ или работејќи на компјутер. Нашата студија покажува дека и покрај позитивните здравствени ефекти на физичката активност, таа самата не е доволна да ги намали ризиците од болести“.

„Избегнувањето на седењето и редовното вежбање се подеднакво важни за подобрување на здравјето и должината на животот… На работа, станувајте и движете се барем 1-3 минути на секои половина час. Кога гледате ТВ, станувајте и вежбајте за време на рекламите“, вели докторот.

- Реклама -