Паметни ракавици со LED светла ни помагаат во темница

Во зима луѓето се почесто посегнуваат кон ракавиците.

Покрај тоа што се исклучително корисни, ракавиците не лишуваат од чувството за допир. Работите се влошуваат уште повеќе кога е темно.

Решение барем на овој проблем нуди популарната американска интернет продавница Hammacher Schlemmer – ракавици што  светат во мракот.

Ракавиците располагаат со вградени LED светла, кои се заробени со копче на зглобот.

Светлината е јасна и светла и овозможува во ладна мрачна вечер човек да ја отклучи влезната врата, без да се бори бескрајно долго со бравата. Или да најдете брзо паднати клучеви, или други предмети. Врвовите на прстите на ракавиците се од посебна материја, задржувајќи го чувството за допир. Блескавите ракавици се изработени од синтетичка кожа и се отпорни на вода и ветер. Се напојуваат од батерија која трае девет часа. Ракавиците се достапни во различни големини. Цената им е 69,95 долари.

- Реклама -