Воздушно перниче наместо гипс за санирање повреди (видео)

Секундите се многу важни кога некој ќе претрпи сериозна повреда и соодветниот третман на пациентот пред да биде транспортиран во болницата може да ја забрза рехабилитацијата. Киношита Когјо го развил Multiprotector перничето кое лесно може да биде аплицирано од некој без медицинска обука.

Перничето се става околу повредата, шинат зглоб или скршена коска, и се надувува за само неколку секунди со помош на долга цевка. Еднонасочен вентил обезбедува дека воздухот ќе остане во перничето со што ќе се стабилизира повредата па дури и би можело да биде употребено за спречување на крварење.

{youtube}drGrnBVt5yI{/youtube}

- Реклама -