Добредојдовте во иднината: Потполно нов концепт за совршена машина за перење

Ји На Јун, корејски дизајнер и иноватор, измисли потполно нов концепт за машина за перење алишта.

 
Футуристичката Vibrate Jelly Laundry се состои од јадро со желатинска материја, во која би се ставала нечистата гардероба. Самиот процес на перење се состои од вибрации на желатинското јадро, со чија помош се отстранува нечистотијата од ткаенината. Не е потребен детергент, а ниту вода. Самото јадро и вибрациите се доволни за совршено чисти алишта.

explain_Jelly-Vibrate02[1]

Чистењето и одржувањето на самата машина е исто така едноставно и лесно. Нечистотијата што е отстранета од облеката се собира во посебна преграда која многу едноставно се демонтира од уредот и се фрла во канта за отпадоци.

Print

Новиот концепт има уште еден, огромен плус. Имено, не само што машината пере, туку и ги пегла испраните парчиња, со помош на звучни бранови. Колку и да изгледа сложено, целокупниот процес трае не повеќе од 5 минути, a веднаш по завршувањето, облеката е спремна за носење (не е мокра и нема потреба од сушење).

manual_Use

Се чини дека изумот на На Јун е решението што долго го чекавме. Ем полесно, ем поефикасно – без потрошувачка на вода, без голема потрошувачка на енергија, без загадување на природата со хемиски детергенти и без сите оние иритирачки ситници што се составен дел од перењето на алишта, какво што денес го знаеме.

vibrate-jelly_main_021-940x530[1]

 

- Реклама -